Оценувајќи дека била злоставувана и под постојан притисок, Високиот суд во Лондон ѝ ја додели на принцезата од Дубаи – Хаја, грижата и старателството врз синот Зајед (10) и ќерката Ал Џалила(14).
47 годишната ќерка на поранешниот јордански крал Хусеин која беше мажена за 72 годишниот шеик Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, пред три години со децата пребегна во Британија, по што владетелот на Дубаи и потпретседател на Емиратите (ОАЕ) започна судски спор за враќање на децата во негово старателство.
И самиот со солидно англиско образование, Шеикот од Дубаи е чест гостин во Обединетото Кралство и дел од јавниот живот и културните настани во Лондон.