Tениската легенда Серена Вилијамс го отвори шоуто на Светската писта на “ВОГ”, облечена во фустан од Баленсијага, со наметка во сребрен ламиниран дрес. Ѕвездата на насловната страница на “ВОГ” беше придружувана од четири девојки кои носеа бели тениски фустани со додатоци.
Во 2000 година интервју за NBC за турнирот на натпреварот на Вимблдон рече:
„Сакам луѓето да ме запамтат како девојката која го смени тенисот, која доби можност да внесе нешто ново во играта.”
На насловната страница на септемвриското издание на “ВОГ”, Вилијамс објави дека се повлекува од спортот. Нејзиниот изглед на теренот ги урна вековните традиции за тоа како „треба“ да изгледа една тенисерка кога игра турнир.
Во последниве години, таа се појави на теренот во костим од Најк и со горен дел со еден ракав дизајниран од покојниот Вирџил Аблох, додека во 2019 година на Мет Галата исто така се појави во забележително издание каде што беше мета на многу модни критики.