Кина го испрати својот нов специјален претставник на Корејскиот Полуостров, по информациите за нови тензии меѓу Северна и Јужна Кореа и извештаите дека Северот се подготвува за нова проба на нуклеарно оружје.

Северна Кореја од 2017 година нема извршено нуклеарен тест и состојбата на полуостровот се оценуваше како смирувачка се до неодамна кога од Вашингтон и Сеул дојдоа извештаи дека од почетокот на годинава Пјонгјанг извршил неколку тестирања на суперсонично оружје и балистички ракети.

Новиот кинески посредувач пред патувањето на Полуостровот објави твит во кој повика на „ладни глави“ и воздржаност на сите страни од активности кои можат да доведат до ескалација.

Аналитичарите велат дека доколку се обноват заканите, Корејскиот Полуостров ќе стане уште една сериозна закана за глобален нуклеарен инцидент паралелно со Украина.