Не смееме да дозволиме да ни се повторат минатогодишните пожари – им порача на безбедносните служби Рускиот претседател Владимир Путин, по извештаите дека во новата огнена стихија на Сибир загинаа најмалку 8 лица, откако стотици куќи во десетици сибирски села завршија во пламен.
Министерот за вонредни состојби Александер Чупрјан му реферираше на претседателот дека од почетокот на годината на руска територија имало дури 4000 пожари на 270.000 хектари шума.
Пожарите во Русија минатата година зафатија вкупна површина со големина на Луксембург и предизвикаа сериозна закана за безбедноста на луѓето, животната средина, но и економијата.
Средбата на Путин со безбедносниот врв на тема – пожари беше директно пренесена на националната телевизија, што се проценува како обид за менување тема и фокус на други прашања од домашната безбедност, различни од вестите за Украина, Украина и само Украина, како што беше досега.