Шин Фејн, политичкото крило на Ирската Републиканска Армија – ИРА, е на пат да освои историски најголемо мнозинство во Парламентот на Северна Ирска и по парламентарните избори в четврток, да стане најголема политичка партија во новата северно-ирска влада.
Според последните анкети Шин Фејн има осум проценти предност пред другите партии во британската провинција, што се смета за нејзин најдобар резултат по 24 години, кога со мировниот договор од Велики Петок беше постигнато примирје, а дотогаш „терористичката” ИРА се трансформираше во политичка партија.
Се смета дека со водството, Шин Фејн ќе придонесе кон политичко консолидирање и ќе игра обединувачка улога во Северна Ирска.