Климатските промени кои предизвикуваат премногу високи температури, суши и ненадејни силни врнежи, се на пат да ја преселат винската индустрија на север.
Ова лето, многу лозари од Италија и Франција беа погодени од временските услови и се соочија со намалување на приносите или варијации во квалитетот на одредени вински сорти грозје.
Проблемот, кој не е нов, уште пред неколку децении, ги поттикна земјите од северот на Европа да експериментираат со нови хибридни сорти грозје и неколкукратно да ги зголемат лозовите насади.
Шведска уште кон крајот на 90те години, почна со експериментално производство на нови хибридни германски сорти грозје, кое во изминатите три децении е неколкукратно зголемено.
Култот на француските и италијанските вина сѐ уште неприкосновено го држи приматот на квалитет на незаменливите вински брендови, но долгорочно – Скандинавија сериозно претендира да стане нова татковина на виното во Европа.