Во Слепченскиот манастир денес се случи слава и помен истовремено, за живите и мртвите за светов – за себе, за татковината, за семејството, обителта, црквата…
Со славски колач во чест на одбележувањето на споменот на Светата Великомаченица Марина, подражавајќи го Мелхиседек пред Авраама, отец Серафим ја пречека Кичевската Коњаница, споменувајќи ги сите поединечно – за здравје и преуспевање во добрите дела, а потоа сите заедно со присутниот верен народ, воочи големиот празник Илинден се помолија за душите на паднатите за својот народ и Татковината, но и за одметнатите, заблудените, заведените, принудените, предавниците и оние кои во историјата се пројавиле како непријатели на својот македонски народ.

Коњаниците од Кичево патувањето ќе го завршат во Крушево, каде за прославата на Илинден ќе се спојат со другите коњаници од други градови на Македонија.