Словенија се соочува со најголемите шумски пожари во последните 30 години од прогласувањето независност. Во Службата за Цивилна заштита велат дека крајот на пожарите ниту оддалеку не се гледа.
Од огнот се зафатени подрачја од 2000 хектари, а гаснењето освен поради непристапните терени е отежнато и поради експлозиите на останати гранати од Првата Светска Војна.
Во гаснењето се ангажирани сите противпожарни служби и сѐ што е на располагање од полицијата и војската, помогнати од доброволци граѓани. На терен се и хеликоптери од Австрија, Словачка и Хрватска.
Стотици луѓе се евакуирани од селата бо близина на огнената стихија.
Најавата за продолжување на сувото и многу топло време дод крајот на идната седмица, не влеваат многу надеж за конечно ставање на пожарите под контрола. Упатените велат дека само обилен дожд може вистински ефикасно да помогне во гаснењето.