Најновата колекција на фотографии на стилистот Дејвид Гилмур насловена како ВИДИ И ДОПРИ промовира нов начин на користење на т.н. плишана шминка.
Дречливите бои кои потсетуваат на 70те, се надополнети не само со 3Д ефектот на нашминканата површина, туку и буквално со ефект на кадифе, кој може да се допре.
Уметникот користи посебна техника со електрифицирање на нанесените бои, со која се постигнува ефект на мали влакненца. Упатените велат дека не се исклучува можноста, производителите на козметика да се фокусираат на масовно производство на оваа шминка на иднината.