Гигантите во светот на недвижностите, компаниите „Шафтсбери“ и „КапКо“ заеднички ќе го закрепнуваат туризмот во центарот на Лондон.
Со фузирањето на компаниите вредно 4,3 милијарди долари, во кое удел ќе има и Норвешкиот кралски фонд, многу објекти и места претежно на лондонски Вест Енд ќе се најдат под иста управа, што се смета дека добро ќе влијае на обновата на туристичката понуда на Лондон, по двете тешки години на локдауни и изолации од пандемијата.
Новата компанија на површина од 270.000 метри квадратни ќе ги обедини повеќето високопрофилни туристички места во Лондон како – Ковент Гарден, Карнаби Стрит, Чајна Таун и Сохо, со заедничка понуда.