Недела во 12:30 часот во Градскиот парк во Битола „Сојуз на Борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи“ организираат концерт во чест на 11 Октовмри, Ден на народното собрание на македонскиот народ.
Ќе настапат Камерниот оркестар од Битола и младинскиот хор, КУД “Стив Наумов”.
Исто така утре ќе бидат доделени наградите од конкурсот за основните училишта за најдобра проза или поезија на тема
„ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“,
тема посветена на Народноослободителната борба на Македонија, конкурс што го организирал Сојузот на Борците од НОАВМ од Битола.