Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на посетата на Јапонија го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува во Украина да постигне „насилен мир“ и дека тоа е идеја која нема да функционира.
Војната во Украина, Шолц ја искористи како аргумент во образложението – зошто Германија треба да биде стабилна воена сила, која ќе вложува во својата одбрана.
Тој рече дека во целиот актуелен процес на „деглобализација“ Германија мора поблиску да соработува со земји со кои дели исти или слични вредности, посочувајќи ги Јапонија и Индија како пример.