Шпанската полиција уапси пет лица кои се обвинети дека измамиле две жени за 325 илјади долари, откако онлајн објавиле слики претставувајќи се како холивудската ѕвезда Бред Пит. Осомничените се запознале со жените на интернет страница за обожаватели на оскаровецот и ги навеле да веруваат дека „имаат емотивна врска со него“, стои во соопштението на шпанската полиција.
Претставувајќи се како Пит, членовите на групата потоа наводно ги охрабрувале жените да инвестираат во различни проекти кои не постоеле.
Една од жртвите, од јужниот регион Андалузија, била измамена за 175 илјади евра, додека другата, од северниот дел на Баскија, изгубила 150 илјади евра.
„Сајбер-криминалците, за да ги фатат жртвите, ги проучувале нивните социјални мрежи и направиле психолошки профил на нив, со што откриле дека двете жени се две ранливи лица, на кои им недостасува блискост и се во депресија“, соопшти полицијата.
Five people accused of swindling two women out of over $350,000 by posing as Brad Pitt online were arrested in Spain. The authorities called it a complex scheme that it attributed to a “criminal organization.” https://t.co/vusOImtEXo
— The New York Times (@nytimes) September 25, 2024