Канцелариски фотелји од крокодилска кожа, маси од слонова коска, ќилими од леопард … ова е дел од луксузната опрема, која заедно со примероци од над 1000 препарирани животни е откриена во еден магацин во Валенсија, Шпанија.
Шпанската полиција соопшти дека меѓу примероците има „,материјали“ од некои видови животни кои се пред истребување или се веќе исчезнати.
Вредноста на пронајдените примероци во магацинот се проценува на 29 милиони евра.
Познавачите велат дека ова откритие значи дека во светот сѐ уште постои голем организиран пазар на ваква „ретка“ шверцувана стока, во кој се вртат милијарди долари.
Незаконскиот лов и извоз на материјали од ретки животни се смета за една од главните причини за исчезнувањето на некои видови.