После остварените средбите со сите ЈП во сите плански региони во Македонија, АДКОМ ги дефинира клучните проблеми и предлози за нивно надминување
Со цел поефикасно изнесување на проблемите денес на 07.07.2023 се организира состанок со:
Министерството за животна средина и просторно планирање, со присуство на Министерката г-ѓа Каја Шукова
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги претставувана од г-дин Шамил Реџепи.
Инаку Управниот одбор на АДКОМ на својата 11-та седница одржана на 04.07.2023 година направи приоритизација на проблемите, зазеде ставови по одредени прашања и донесе одлука истите да бидат презентирани пред ресорните институции.
Покрај дискусиите по однос на актуелните проблеми на ЈКП се дискутираше и за спроведување на кампања за
подигнување на јавната свест за значењето на комуналните услуги и за организирање на осум регионални настани во сите плански региони.
Утврден е и начинот на организација на настаните и локациите за нивно одржување.
На средбите во ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ ќе присуствуваат сите ЈП од регион и локалните самоуправи.
Исто така и граѓаните со цел да бидат запознаени со актуелните проблеми и пристапот и мерките за нивно решавање.
Овие средби ќе се реализираат во периодот октомври – ноември 2023 година
Теми за кој се разговараше на денешната средба:
ПРЕДЛОЗИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЈКП
1. Решавање на акумулираните долгови за електрична енергија
– Одредување на максимална цена на електричната енергија за ЈКП на местата каде што се користат пумпи и каде што има пречистителни станици
– дефинирање на цена на електрична енергија за ЈКП на места со најголема потрошувачка како цената за домаќинства
– Поддршка од државата за поставување на фотоволтаици
2. Проблем со заостанатиот долг кон “Фонд за води”
-Отпишување на стар долг
-Распределбата на финансиските средства во рамки на планските региони
3. РКЕВУ да ја одредува цената на услугите
– Да има можност за поднесување на измени на цена во пократок рок.
4. Проблемите со превземање на водоводните во руралните средини и квалитетот на водата кој го имаа, секако и потребните вложувања после превземањето.
5. Олеснување на постапката за добивање на дозволи за водно право
6. Подигнување на јавната свест за плаќање на сметките за комунални услуги и други прашања.
ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА БЕЗ ПРЕКИН И ПОКРАЈ ДЕФЕКТОТ ПРЕДИЗВИКАН ОД “БВ ИНЖЕНЕРИНГ”
Во текот на денешниот ден 26.09.2024 ( четврток), предизвикан е дефект во “Касарната”од фирмата - изведувач "Бв Инженеринг".Ве информираме дека...
Прочитај повеќе