Во СОУ Таки Даскало Битола, во соработка со Центарот за јавно здравје, професорката по биологија Весна Христовска и Психолошко-педагошката служба, на 25.11.2022 година се реализира предавање и дискусија за дијабетес тип 1 и тип 2.
Посебен акцент беше ставен на дијабетес тип 1 кој за жал е во подем и е дијагностициран кај децата, тинејџерите и младата популација. Доброволно на вработените и учениците им беше измерен шеќер во крвта.
Голем интерес покажаа учениците од гимназиско образование- III10,11, природно-математичко Б подрачје, III 12 билигвалната гимназија и од стручното образование II 2 паралелка од сообраќајната струка.
Вакви и слични предавања ќе се реализираат и во иднина како резултат на континуираната соработка на СОУ Таки Даскалот Битола и ЦЗЈ.