Догодина на лето сателитите на Старлинк на Елон Маск треба да достигнат бројка од 4200, што ќе биде 2/3 од вкупниот број на сателити кои кружат околу Земјата.
Маск најави дека само оваа година очекува и најмалку 60 лансирања на проектот Спејс Икс – Фалкон.
Последниот „товар“ на Фалкон 9 , освен капсулата Транспортер 4 со полнежи од мали сателити, со себе носи и 40 вселенски „летала“, како и едно „возило“ за орбитален трансфер.