Во рубриката КАЖИ, го издвојуваме мислењето на професорката Марина Коруновска од Државното средно музичко училиште во Битола.
Како долгогодишен педагог и диригент на детски и младински хорови, Коруновска секојдневно и надвор од училиштето во кое работи е во постојана комуникација со деца од различни возрасти.
Во продолжение нејзината интегрална објава на Фејсбук:
АЛАРМ !
Системот пука од сите страни ! Не е одржлив повеќе ! Учебниците ги менуваат кој како ќе дојди на власт. Во тие министерствата има некој шо можи да му кажи колку можи да издржи активност детскиот мозок???
ВЕ МОЛАМ, не ги притискајте децата во овој луд свет, кој им го наметнавме, да учат небулози и да се во депресии, стравови, анксиозности поради тоа што нивниот кревок мозок и срце не го издржуваат тоа ! Нафрлани информации без смисла, логика и здрав разум
Свесни сме дека ги губиме децата секој изминат ден?!?!
17 години ги следам…од 3 до 18 год….Знаете што? Страшно е !!! Па зарем петките се поважни од психичкото здравје, а после тоа и физичкото( пошто 90% од болестите се психосоматски) на нашите најмили !!!
Очите им се празни, тешко е да се насмеат, не се наспани, не се наиграни….
Сите психолози алармираат….Зарем ги родивме за да се робови???
Ги вежбаме лажно да се смеат, лажно да се сликааат, да веруваат во лажни вредности…Ние, да, ние возрасните носиме одговорност за секоја болка и страдање на секое дете !
180 часа на училиште и уште 180 на приватни часови…АРНИ СМЕ??? Па ние 8 часа работно време тешко издржуваме и само кукаме…
ГИ ГУБИМЕ ДЕЦАТА !!! Не во странство, туку ни венеат пред нашите сопствени очи !!!
Дали има нешто поболно на светов од тажни детски очи ???
ЏАБЕ НИ Е СЕ, ПОТФРЛИВМЕ СИТЕ ЗАЕДНО !!!
МИ Е СРАМ ОД ПОГЛЕДОТ НА СЕКОЕ УМОРЕНО, ТАЖНО,БОЛНО И НЕСРЕЌНО ДЕТЕ !!!