Дигиталната дистрибуција претставува еден од најсовремените начини на маркетинг содржина преку Интернет. На овој начин, може да се дистрибуираат различни видови содржини, без разлика дали се работи за музика, аудио формати или видео содржини.
Во голема мера, дигиталната дистрибуција зеде замав кога е во прашање музичката индустрија имајќи предвид дека благодарение на дигиталната дистрибуција, уметниците и креаторите на содржини можат да допрат до пошироката публика на многу едноставен начин.
Кога станува збор конкретно за музика, овој тип на доставување содржини е возможен за оние автори и изведувачи кои се дел од издавачка или музичка компанија, имајќи предвид дека овие компании се одговорни за дистрибуција на материјалот до услугите за стриминг.
Некои од најпознатите стриминг услуги во светот се Spotify, Deezer, YouTube Music, Tidal, Amazon Music и Apple Music. За да може содржината да биде поставена на некој од овие сервиси потребно е самиот изведувач да биде дел од одредена издавачка куќа, па токму затоа новите и постарите уметници одлучуваат да им ја дадат довербата на големите дистрибутери.
Токму затоа соработката со издавачките куќи за уметници и креатори на содржини е еден од клучните фактори за дистрибуција и зголемена видливост. Во светот, некои од водечките компании за дигитална дистрибуција се DistroKid, CDBaby и Tunecore , додека во нашиот регион компанија која се занимава со ова и постојано работи на подобрување на можностите за корисниците е IDJDigital.
IDJDigital беше лансиран во 2015 година и во овие седум години успеа да изгради силна база на клиенти кои целосно му веруваа. Станува збор за компанија која работи во доменот на монетизација на онлајн видео содржини и дистрибуција на музика на најголемите светски музички платформи.
IDJDigital постојано ги следи трендовите кога станува збор за дигиталната дистрибуција и постојано работи на подобрување на новите иновативни алатки со цел да им олесни на своите клиенти пристап до аналитиката, од демографијата на слушателите и следбениците, преку емитување и претставување во медиумите, сè до следење на заработката и реалната исплата на монетизираната музика.