Властите во Велс почнаа официјална истрага околу истекувањето во јавност на чувствителни информации со детали од протоколот кој би се применувал кога кралицата ќе умре.
Претставник на Велс потврди дека и покрај тоа што истекувањето не е од стриктно безбедносен карактер, „случајот“ ќе се третира како упад во безбедносниот систем.
Во ноември минатата година на локална веб страница во Велс беше објавен целиот документ од протоколот кој детално ги предвидува постапките предвидени во случај на смрт на кралицата.
Протоколот бил испратен по електронска пошта, без назнака доверливо или чувствително, што се смета за основа на проблемот со истекувањето на информациите во медиумите.
Во Обединетото Кралство постојат вообичаени документи со протоколи за постапки во случај на смрт на сите државни функционери и членови на кралското семејство, кои имаат третман на доверлива и безбедносно чувствителна информација.