Битолската полиција на дело фати 48 годишен крадец на нафта од резервоарот за парното за греење на Средното медицинско училиште во Битола.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/03/nafta1.jpg)
Во раните утрински часови, пред разденување, сомничениот И.М. бил затекнат од полицијата со 12 канистери со вкупно 260 литри нафта, по што бил приведен и против него е поднесена соодветна кривична пријава.