На Велики Понеделник, Господ на Елеонската Гора, со Својот збор ја исушил смоквата, и на Своите ученици им ја открива иднината на Ерусалим, ги разобличува фарисеите и книжниците за надворешното (формално) извршување на Законот Мојсеев. Продолжувајќи со поуките Свои, Господ на почетокот преку приказни, а потоа и јасно го изобразува крајот на светот и Страшниот Суд. Во среда, во домот на Симона прокажениот, една жена излива миро на нозете Негови, а Јуда им ветува на првосвештениците, дека, ќе им го предаде Учителот. На Велики Четврток Господ ја извршил Тајната Вечера и литургијата на тој ден особено јасно ни напомнува на тоа, што, причестувајќи се со стравопочит со Светите Тајни, ние со апостолите ги вкусуваме Телото и Крвта Христови, а оние кои недостојно се причестуваат се слични на Јуда. Но секој нека се стреми да се причести, искрена каејќи се за своите гревови, и ќе добие милост од Господа. По Тајната Вечера следува Христовата молитва во Гетсиманија, Христа го фаќаат и Го носат кај првосвештениците, каде што ноќта над Него се извршува суд, а утрото го носат кај Пилат. Вечерта на Велики Четврток се читаат 12 Евангелија на Страдањата Христови.
Настапува Велики Петок. На часовите исто така се чита Евангелие за судот Пилатов, распнувањето и крстната смрт Христова. Во тој ден христијаните држат најстрог пост. Вечерната, доколку е возможно, ја извршуваме во 15 часот, спомнувајќи си во себе за смртта Христова и завршува со изнесувањето на плаштаницата, која ги изобразува симнувањето од Крстот и погребение на Телото Христово. Потоа, пред плаштаницата се чита канон „Плач на Гогородица над гробот“.
Утрената на Велика Сабота го изобразува пребивањето на Телото Христово во гробот и симнувањето во адот. Крстната литија на крајот, таинствено го изобразува симнувањето Христово во адот (а не Неговото погребение, како што е прифатено да се мисли), кој бил разрушен со Светлината Христова, и ослободените души на праотците радостно го славеле Христа. Ослободувајќи ги умрените души од адот, Душата Христова се враќа во Неговото Тело. Никој на земјата не знае за тоа, што се случува во другиот свет, војниците стојат на стража покрај гробот, апостолите жалат, мироносиците се готови да отидат да го помазат Телото, но ангелите заедно со пророците и праведниците веќе го прославуваат Победителот над смртта. Тоа го изобразуваат чтенијата и песно пенијата на вечерната на Велика Сабота, која е соединета со литургија, на која при пеењето на „Воскресни Боже, суди земли…“, црните одежди се сменуваат со светли. Настапува очекувањето на тој светол час, кога се ќе биде озарено со Светлина, и небесата и земјата ќе бидат исполнети со победителни песни за Воскреснатиот Христос. На Пасхалната Литургија ние се соединуваме со Воскреснатиот Христос.
Свети Јован Максимович
– Шангајски, Санфранцискански, Битолски