Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на условна казна затвор од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, потврди за Тера Телевизија бранителот на Алабаковски, адвокатот Дарко Стефановски.
Пресудата е дека е виновен за стореното дело, станува збор за признание на вина и казната е условна, вратени му биле патните исправи и укинати се мерките за обезбедување, рече Стефановски.
Алабаковски по инцидентот беше притворен, потоа во домашен притвор, а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.