„Ќе ви дадам еден вистински спасителен совет – читајте ја секојдневно по 150 пати „Богородице Дево“ и таа молитва ќе ве спаси. Ако на почетокот ви е тешко да ја кажувате молитвата 150 пати на ден, тогаш читајте ја барем 50 пати“
Свети Серафим Саровски

Во ќелијата на Преподобниот е пронајдена тетратка во која се опишани чудата што им се случувале на луѓето кои секојдневно го исполнувале ова правило.

Молитвата „Богородице Дево” се смета за ангелска молитва, изговорена од Светиот Архангел Гавриил, благовестувајќи го воплотувањето на Господ Исус Христос во нејзината девствена Утроба.

„Богородице Дево,
радувај се Благодатна Маријо,
Господ Е со Тебе,
благословена си Ти меѓу жените,
и благословен Е Плодот на Утробата Твоја,
зашто си го родила Спасителот на нашите души.”

Се верува дека ова Богордично правило е устроено некаде околу 8 век од Самата Пресвета Богородица и дека во тоа време го исполнувале сите Христијани. Но, со тек на време православните верници заборавиле на правилото, а преподобниот Серафим од Саров сите ги потсетил на него.

Еден од епитетите на Пресветата Владичица е и Брзопослушничка, меѓу другото и поради брзата делотворност на оваа молитва која веднаш помага при големи искушенија и тешки демонски напади, за што постојат и безброј сведоштва.