Еве го сега светлиот празник,
со радост пријдете,
возљубени,
да се насладиме на ова пречудно чудо,
отфрлајќи го мракот житејски,
да ги просветлиме нашите духовни очи и да се издигнеме со умот,
да го видиме пречудесното успение на Господовата мајка и учениците негови собрани како облак да го испратат пречистото тело на навистина пресветата и преславната владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија.

Затоа што со неа се обнови снеможениот род човечки, со неа се отвори Едем, што во старо време го затвори прабабата Ева.
Со неа клетвата се разори, а благословот процути. И таму каде што смртта се всели, таму животот бесмртен излезе.

Зашто таа се јави од небо, донесувајќи му го Творецот и на небото и на земјата. Со неа се обожестви човештвото, кога беше положен Христос во нејзината пресвета утроба.
Угринова-Скаловска,Р. (1996).Климент Охридски- Поуки и похвали. Табернакул-Скопје
