Да знаете, возљубени мои браќа, дека денеска го празнуваме зачнувањето на нашата Госпоѓа, чесната Владичица, Богородица.
Радосно да притрчаме кон нејзината Црква, на молитва со страв да стоиме, да ги отвориме вратите на божествената ложница со бденија и молитви; со милостиња и со постење и така да го поминеме чесно, со радост, чесното зачнување на пречистата Госпоѓа и пречистата Богородица, оти таа непрестајно го моли за нас својот син и наш Бог. Но не така што ќе јадеме и пиеме, туку бедните да ги пожалиме, гладните да ги нахраниме, голите да ги облечеме, како што кажал Господ
,,Бидете милостиви, како што е милостив Отецот ваш небесен“.
Затоа, да се угледаме на оние мудри девици, на кои Господ им рекол
,,Ќе влезете во небесната ложница дека ме помилувавте кога ме видовте како да сум туѓинец, гладен ме нахранивте, жеден ме напоивте“.
Дали, браќа самиот Христос Го напоивме или Го нахранивме, со тоа станавме достојно за Царството Небесно.
Да го споменеме големиот пастир Златоуст
,,О чеда, ова е за вас создадено, а не вие за него; и не се оттргнувајте од Црквата, ниту пак се поучувајте од суетните нешта“.
Затоа, возљубени мои браќа, да се увериме дека треба да одиме со чистота на молитва в Црква и на сите празници на нашиот Господ Исус Христос и Неговата Пресвета Мајка, нашата Владичица Богородица, да се приготвиме да слушаме: Пријдете, благословени од мојот Отец и наследете го приготвеното за вас Царство.
Угринова-Скаловска,Р. (1996).Климент Охридски- Поуки и похвали. Табернакул-Скопје