И Исаија вели:
,,Ете, Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му стават име Емануил, што значи,, Бог со нас “.

И кога дојде време да се исполнат нивните зборови, го испрати Архангелот Гаврил и му рече нему ,,Оди кај Девицата Марија и кажи ѝ: ,,Радувај се Благодатна, Господ е со тебе. Ти си благословена меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба. Веќе ти се сруши прабабината клетва: од жената процутеја сите зла и жалости, а сега пак од тебе, добрините. Оти, еве ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе му ставиш име Исус.“
