Според проекциите на приносите од годинешната жетва и анализите кои се прават дури и преку сателитска сондажа на полињата со жито ширум светот, Русија се чини ќе има најмногу полза од недостигот на пченица и брашно.
Неочекуваната суша и високите температури, годинава значително ќе ги намалат приносите од пченица ширум светот, што во услови на пост ковид криза и среде војна во Украина, го пали алармот за недостиг од брашно и леб, па дури и глад во некои земји кои зависат од увоз на пченица. Дури и Индија се соочи со суша и најави дека оваа сезона ќе може да дозволи многу малку пченица за извоз затоа што ќе му биде потребна на нејзиното билионско население.
Според анализата на БиБиСи, годинава единствено Русија ќе може да се пофали со зголемување а производството, но прашање е колку Западот би можел да се надева на тој извоз.
Иако основните прехранбени продукти не потпаѓаат под санкциите воведени кон Русија, се претпоставува дека малку западни компании би се решиле на таква трговија, затоа што, освен што тоа ќе им го наруши бизнис угледот, може да им предизвика други проблеми во банкарските трансакции и ризик од несакани блокади поради недоразбирања околу санкциите.