Најновата композиција Apoptotic Bodies од Дарија Андовска, синоќа имаше светска премиера во Сараево, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ. Композицијата за гудачки оркестар и фиксен медиум е напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour. На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе бидат изведени и четири нови композиции од реномирани композитори од регионот, меѓу кои и делото на Андовска чија светска премиера се одржа сношти, а утревечер ќе биде изведена во Нови Сад.
Четири композиции од циклусот „Песни од татковината“ на Андовска на 12 септември ќе бида изведени MC Gallery во Њујорк, а ќе настапат Иван Наумовски – баритон и Ана Гацева – пијано.
Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми. Таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.