7 Април, е денот кога е формирана Светската здравствена организација како посебно тело на ООН и од 1948 се одбележува како Меѓународен ден на здравјето.
Годинава слоганот на одбележувањето има еколошко обележје – НАША ПЛАНЕТА, НАШЕ ЗДРАВЈЕ! поради потребата од подигнување на свесноста за поврзаноста на здравјето со здравата животна средина.
Според статистиките, нездравите услови за живот, загадувањето, глибалното затоплување итн. имаат големо директно влијание врз појавата на болести како ракот, срцеви заболувања и зарази.
Во својата годипна порака, СЗО се осврнува и на т.н. ментална хигиена, односно на раширените пост-ковид случаи на депресија и анксиозност.
Се проценува дека по пандемијата на корона вирусот, бројот на луѓе кои бараат медицинска помош поради депресија се зголемил за една четвртина, а пораснат е и бројот на самоубиства.