Околу 3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради тајфунот Хинамнор во Јужна Кореја.
Тропскиот циклон, пропратен со силен ветер и врнежи од дожд утрово стигна до јужниот брег на Јужна Кореја и предизвика многу поплави.
На јужниот остров Џеџу оштетени се неколку згради. Корејскиот полуостров е погоден од бројни тајфуни секое лето и на почетокот на есента.
Хинамнор е 11. циклон годинава. Предупредување за тајфунот беше издадено и во Северна Кореја. Според севернокорејските медиуми лидерот Ким Џонг-ун во неделата и вчера имал состанок официјални лица за воведување на заштитни мерки од Хинамнор.