Тајван за првпат отвори предупредувачки оган кон три кинески дронови кои навлегле на тајванска територија, по што дроновите се повлекле кон Кина.

Кинеските воени власти, на инцидентот иронично одговорија дека – нема ништо необично во тоа Кина да лета дронови над целата своја територија.

Тајван соопшти дека е подготвен воено да возврати доколку кинеско авиони или бродови му го нарушат територијалниот интегритет.

По најновото зголемување на тензиите, Тајван го зголеми воениот буџет кој е најголем досега и изнесува 19 милијарди долари.
