Јапонската компанија Тама во 1947 развила, а во 1949 била спремна за продажба на првиот електричен автомобил.
Првиот прототип на автомобилот Тама, изум на авионскиот инженер Џиро Танака, во 1947 бил замислен како возило за транспорт на стоки со багажен простор од 500 кг.максимална брзина од 35 км/ч и издржливост на акумулаторот до 65 км. Во 1949 тимот веќе стигнал до батерија со потенцијал од 200 км со едно полнење, а со полна пареа се работело и на зголемувањето на брзината на моторот.
Но, светскиот пазар сепак во тоа време не дознал ниту го вреднувал потенцијалот на Тама, затоа што на големите корпорации и одговарало да се развиваат возила кои работат на погон на петро- горива (нафта, гас, јаглен).