Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, ќе настапат околу 25 изведувачи вкупно во двете вечери. Познатите пејачи како Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, познатите рапери Два Бона се дел познатите музичари кои ќе ја збогатат вечерта на 21-ви и 22-ри октомври во Штип.
Тоа што го прави посебен фестивалот Макфест е тоа што од него се излегле најголемите евергрини на македонската музика како и музички композиции од сите жанрови и стилови.
Роберт Саздов директор на фестивалот за интересот на фестивалот изјави:
„Да, интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има две вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни“.
Па, ако судиме по тоа, на „Макфест“ оваа година ќе доминираат модерени звуци, а тоа само докажува дека македонската музичка сцена и тоа како ги следи светските трендови во музиката.