Во текот на ноќта дошло до престрелки меѓу војниците на Азербејџан и Ерменија околу oбласта Нагорно Карабах, каде двете земји имаат повеќедецениски конфликт.
Азербејџанската војска јави и за жртви,ранети и други штети во своите редови, додека од ерменска страна нема извештаи за загуби, но Ереван потврди дека во текот на ноќта имало препукувања.
Азербејџанската војска во шестнеделна акција во 2020 година воспостави целосна контрола врз Нагорно Карабах.
Официјален Ереван ја известил Москва и побарал Русија да разговара за инцидентот во рамките на безбедносниот сојуз во кој е вклучен и Азербејџан, како и во Советот за безбедност на обединетите нации.
Освен со Путин, ерменскиот премиер Никол Пашињан синоќа телефoнски разговарал и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Блинкен од двете страни побарал итно прекинување на престрелките кои продолжија и денес.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека другата страна е таа што провоцира и го прекршува примирјето. Азербејџанскиот министер за одбрана тврди дека во редовите на нивната војска има и мртви и ранети и дека е оштетена воена инфраструктура.