Состојки:
- 4 парчиња свински котлети
Состојки за тестенини:
- 200 гр брашно
- 2 јајца
- 1 литар минерална вода
- сол
Состојки за сос од печурки:
- 250 гр печурки
- 1 чешне лук
- 1 гранче свежа мајчина душица
- 50 мл бело вино
- 100 мл шлаг (без шеќер)
- маслиново масло
- гранче свеж магдонос
- сол, бибер
Подготовка:
- Загрејте го маслото во тава. Зачинете ги котлетите со сол и бибер и пржете ги на тавата околу три до четири минути од секоја страна, додека не добијат убава кафена боја. Префрлете ги во чинија и покријте ги.
- За сосот – добро измиете ги печурките и исечете ги на кришки. Загрејте ја тавата, додадете малку маслиново масло и додадете го сечканиот лук и мајчината душица. Кога ќе замирисаат, додадете ги печурките и продолжете со динстањето уште 10 минути додека не омекнат и не ја испуштат нивната течност. Месото вратете го во тавата и додадете вино. Динстајте додека да испари алкохолот и да се намали течноста. Зачинете со сол и бибер, па додадете го кремот и варете се додека сосот убаво не се соедини.
- За тестенините, убаво изматете ги јајцата и измешајте ги со брашното. Мешајте со додавање вода додека тестото не почне да се лизга од лажицата. Оставете десет минути, а потоа турнете низ сито во врела вода.
Сосот посипете го со ситно сечканиот магдонос и послужете го со тестенините.
Добар апетит!