„Ужасно е да се живее со мислата за смртта, а без смисла за Бог! Бесмислен, празен и ужасен е животот со неа, а без Него! Слатко е и лесно е со Него да се живее, слатко и лесно е со Него и да се умре.
Со Него всушност и не се умира.
Тој што верува не умира! Умира тој што не верува! Ние сме семе кое сејачот го фрла во безброј семки. Сите тие ќе згнијат, но само оние што ќе најдат плодна почва ќе се преобразат во живот и ќе донесат стократен плод.“
Владимир Костов – професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Има објавено 17 романи, 10 збирки новели и раскази и осум книги за деца и млади.