Љубителите на месо тврдат дека највкусно месо од сите видови е свинското филе. Со оглед на тоа што содржи многу маснотии треба да се подготвува внимателно и со љубов.
Пред каква било подготовка, важно е филето да се исчисти, правилно да се зачини а препорачливо е и така оставено и зачинето да се остави да отстои една ноќ.
Еве неколку начини како да подготвите вкусно свинско филе.
1. Свинското филе пропржете го од сите страни во врело тавче или на скара додека не добие убава темно кафеава боја. Потоа ставете го во загреана рерна на околу 180 Целзиусови степени околу петнаесетина минути да се испече и неговата внатрешност.
Над месото ставете алуминиумска фолија и оставете ги соковите да се стабилизираат околу осум минути пред да го исечете и послужите.
Послужете со пире од компири или салата од зеленчук.
2.Полнето свинско филе
Полнетото свинско филе е буквално пресечено и наполнето од внатрешната страна. Пред тоа убаво “истепајте” го со чеканче за готвење со цел да биде рамномерно насекаде.
Месото можете да го наполните со комбинација од шунка, сирење, печурки и зеленчук (по желба). Така завиткајте го во фолија и затворете го со чепкалки за заби. Може да го печите на скара или во рерна.
3.Свинско филе во лиснато тесто
Свинското филе карамелизирајте го во тавче, па премачкајте го со сенф додека е уште топло. Оставете го месото целосно да се излади. Филето завиткајте го со листови спанаќ, кришки пршута и сирење (по желба), потоа сè заедно завиткајте во пластична фолија и ставете го во фрижидер еден час.
Вака подготвеното свинско филе завиткајте го со развлечено лиснато тесто и ставете го во фрижидер да се излади најмалку половина час. Лепчето премачкајте го со „сос“ од жолчка и вода, па ставете го во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 45 минути.
Препорачуваме да се служи дури е топло.
Добар апетит