Новата социјална мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп „Тру Соушал“ до крајот на мај ќе објави сопствен интернет пребарувач, кој како унифицирана алатка за сите видови уреди треба да биде достапна на Гугл-Плеј.
Трамп се реши преку својата матична компанија Трамп Медија & Технолоџи Груп, да основа нова глобална мрежа откако неговите профили на Твитер, Јутјуб и Фејсбук беа згаснати, поради наводно поттикнување насилство за време на немирите на Капитол Хил на 6 јануари минатата година.
„Тру Соушал“ беше поставена на Епл Стор во февруари, кога за рекордно време стана најуспешна апликација и каде сѐ уште го држи второто место.
По првата „вистина“ како што се нарекуваат објавите на новата мрежа, објавена на 14 февруари, Трамп денес за првпат повторно објави статус, што се смета за најава на следните чекори за негово враќање на социјалните мрежи преку „Тру Соушал“