Сведочењето на поранешниот шеф за безбедност на социјалната мрежа „Твитер“, Петер Затко дека Твитер нема безбедносни механизми да ги преброи и контролира сопствените ботови, може да биде клучно во судскиот процес за повлекувањето на Елон Маск од догворот за купивање на компанијата, вреден 44 милијарди долари.

Затко, кој според ранг одговарал директно пред генералниот директор за безбедноста на социјалната мрежа, тврди дека компанијата ги довела во заблуда членовите на управниот одбор, државните регулатори и целата јавност, околу трајното отстранување на несакани податоци од „Твитер”, што може да има меѓународни политички и безбедносни импликации. Тоа значи дека податоците за кои некој обичен корисник или политичар мисли дека ги избришал, се сѐ уште присутни „таму некаде” во мрежата, и дури ни самата компанија нема контрола врз нив, ниту се интересира дали постојат.

На обвинувањата на Затко за лажење, неодговорност и немарност на компанијата, од Твитер возвраќаат дека тој токму поради тие причини и несовесно извршување на обврските бил избркан од работа на почетокот на годинава.

Затко правно е застапуван од организацијата „Вистерблоер Еид” кои претходно застапувале поранешни вработени во „Фејсбук” кои излегле со слични тврдења.

Ова уште повеќе го поткрепува глобално раширеното мислење дека, сѐ што е напишано на социјалните мрежи, јавно или во „инбокс” останува сочувано без одобрување на корисникот, на небезбеден начин, со ризик веднаш или во иднина да биде злоупотребено.

Парадокслано е што покрај ваквите сѐ побројни, погласни и осведочени тврдења за целосно нарушена приватност, бројот на корисниците социјалните мрежи се зголемува.
