Филмот на македонската режисерка Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот” е премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција, каде беше достапен на публиката 5 дена.
Филмот е навраќање кон војната во Босна, 28 години подоцна, низ човечката приказна и љубовна средба на слепо преку социјалните мрежи, на двајца четириесетгодишници, чија врска неминовно се претвора во приказна за тешките сеќавања на војната и потребата од простување.
– Удар со тупаница во стомакот
– Интензивно и луцидно трагично, каков што е и светот во кој живееме
– Трогателна и силна актерска игра
– Потресно сеќавање на ужасот и потребата да се надмине
– Горко чувство на вина и тажната моќ на простувањето. Поразително ….
Ова се само дел од првите реакции на публиката, напишани по гледањето на филмот, кој е во македонска, белгиска, словенечка, данска, хрватска и босанска копродукција.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/2-27.jpg)
Филмот е во конкуренција на паралелната програма на фестивалот – Хоризонти, во која се натпреварува во повеќе конкуренции.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/3-24.jpg)
Најголем успех во Венеција постигнал Милчо Манчевски со „Пред дождот“, кој освои Златен лав во 1994, додека со филмот „Прашина“ на Манчевски во 2001 беше отворен венецискиот фестивал.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/09/4-19.jpg)