Украинските власти објавија снимки од прорускиот мултимилионер Виктор Медвешчук со лисици на рацете, со соопштение дека никој нема да побегне од правдата и да се извлече со предавство. Портпаролот на Кремљ не сака да го коментира настанот, со образложение дека треба добро да се провери, после сите лаги кои досега дошле од Киев.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/rusija3.jpg)
Медвешчук кој ја предводеше и поддржуваше проруската опозиција во Украина, заедно со медиумскиот магнат Тарас Козак кој поседува 3 телевизии во Украина, сега се обвинуваат за предавство, а мандатите на 11 нивни проруски пратеници во Парламентот се суспендирани.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/русија.jpg)
Медвешчук кој поседува речиси половина од акциите на рафинеријата за нафта во Новошахтинск, беше држен во домашен притвор, но по почетокот на воените дејствија во февруари успеал да избега.
![](https://www.kepenci.mk/wp-content/uploads/2022/04/rusija-4.jpg)
Тој често може да се види на заеднички фотографии со Владимир Путин кој ѝ е исто така кум на неговата ќерка. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека заробените предавници кои ѝ де важни на Русија, ќе бидат понудени за размена за заробени украински војници.