Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштија дека Украина заврши со пополнувањето на прашалникот кој ѝ беше врачен од претседателката на Европската комисија Урсула Ван Дер Лајен на за време на нејзината посета на 8 април. Тогаш таа изрази подготвеност процесот за зачленување на Украина во ЕУ да оди со забрзано темпо поради руската воена интервенција во земјата.

Следен чекор по разгледувањето од Брисел е давање позитивна препорака, а Украина се надева дека на седницата на министерскиот Совет во јуни може да добие и статус на земја кандидат. Во кабинетот на Зеленски велат дека по состанокот на Европскиот совет на 23 јуни, се надеваат на брз почеток на преговори за членство.