Првиот брод со украински жито наменето за извоз безбедно го напушти пристаништето во Oдеса. Бродот кој плови под знамето на Сиера Леоне, за првпат по почетокот на војната во Украина, го отвора патот на транспортните пратки житарици, согласно договорот кој Русија и Украина го постигнаа со посредство на Обединетите нации и Турција.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека годинашнава реколта на пченицата, поради воените судири ќе биде за половина помала. Аналитичарите стравуваат дека недостигот на украинско жито може сериозно да ја наруши рамнотежата на светските пазари, па дури и да предизвика недостиг и глад во некои африкански и азиски земји.