И годинава во Унгарија се одржа традиционалната трка – носи ја жената, во која учествуваа 30 парови.
Во традиционалната трка на патека долга 290 метри, мажите со жените на грбот, минуваат разни пречки, како базени со вода, песок и кал, бали со сено, автомобилски гуми, дрвени огради и други препреки.
Обичајот кој се смета за традиционално унгарски се практикува во неколку земји на Запад како настан кој не само што обезбедува дружење и забава за локалното население, туку привлекува и туристи во публиката.
Натпреварите – носи ја жената на грб, во некои земји се жестоко напаѓани од поборниците за женски права и родова еднаквост, кои сметаат дека натпреварот симболично ја промовира жената како слаба, неспособна и потчинета.
Ова е сепак само забава, а во некои земји на ваквите обвинувања организаторите одговорија со просто воведување на уште една уште позабавна категорија – носи го мажот на грб, во кој жените се тркаат носејќи ги своите партнери.