Етиопија употребува посебен календар во кој има 13 месеци и кој веќе цели 8 години доцни зад грегоријанскиот календар (што значи сега според него е 2015 година).
Етиопјаните поинаку го мереле и времето во текот на денот.
Кај нив на изгрејсонце е 1 часот по пладне, а нашето „12 на полноќ” е на зајдисонце.
Етиопија е единствената Африканска земја која успеала да го победи и да се одбрани од колонијализмот.
Етиопија е колевка на т.н. Растафаријанизам, од кој произлезе и западната т.н. „реге музика”.
Кафето како растение од кое се произведува напиток за првпат е откриено во Етиопија.
Во Етиопија се откриени најстарите хуманоидни остатоци именувани како Луси. Еволуционистите велат дека најстарата прачовечка коска откриена во Етиопија е стара 2,8 милиони години, поради што науката смета дека таму е колевката на човештвото.
Со Етиопија владееше најстарата кралска династија на светот, која заврши со кралот Хаиле Селасие во 1970 година, а започна во времето на цар Соломон.
Денес се верува дека Ковчегот на Заветот е скриен и тајно се чува некаде во Етиопија.
Градот Далол во Етиопија кој уште се нарекува и „град на духови” е најтоплото место на светот на надморска височина од минус 130 метри под нивото на морето, место во кое, поради високите температури и токсичните геотермални води и испарувања, луѓето не можат постојано да живеат и да се задржуваат подолго време.
Главниот град на Етиопија, Адис Абеба се наоѓа на планина, на надморска височина од 2355 метри.
Во Етиопија се наоѓа најдолгото езеро од лава наречено “Премин кон Пеколот”. Вулканот Ерта Але или Планината што чади е еден од најактивните вулкани во светот.