Националната комисија на УНЕСКО денеска одржа седница на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица” во Охрид. Членовите на Комисијата донеле заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација. Како што соопштија од Министерството за култура, седницата се одржала на иницијатива на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска. Министерката посочила дека со оглед на надлежноста и одговорноста што Комисијата ги има, ова тело не смее да остави простор за изигрување на постојаната законска регулатива, поврзана со заштитата на светското природно и културно наследство. Од Министерството посочуваат дека по добивање на потребната документација и информациите од Општина Охрид, Националната комисија на УНЕСКО ќе се произнесе со свои заклучоци и препораки во однос на изградба на хотелски комплекс на „Горица”.
ЈАС ОСВЕН ХРИСТА НИШТО НЕМАМ – НОВА КНИГА ЗА НОВАТА СВЕТИТЕЛКА НА МПЦ, ПРЕПОДОБНАТА СТЕФАНИДА
Во пресрет на канонизацијата на новата македонска светителка, преподобната маченичка Стефанида Битолско-Скадарска, во издание на Сестринството на Слепченскиот Манастир Св....
Прочитај повеќе