Новите патнички возови кои започнаа со работа во Долна Саксонија покажаа дека патувањето со воз може да биде уште поодржливо отколку што е.
Возовите се веќе еден од најзелените начини за патување. Дури и оние што работат на дизел се многу подобри за животната средина од авионите и автомобилите. И кога тие се целосно електрични или уште подобро кога работат на обновлива електрична енергија – навистина нема поеколошки начин на патување.

Но, сега возовите би можеле да станат уште поеколошки. Германија штотуку ги пушти во употреба првите патнички возови во светот со погон на водород. Сè што излегува од „издувните гасови“ е пареа и кондензирана вода.

Водородните железници не бараат нужно да се електрифицираат пругите и можат да работат на постоечките железници, што значи дека теоретски тие можат да се имплементираат на речиси сите железници во светот што досега постојат.

Исто така, овие возови се многу потивки од дизел возовите и достигнуваат брзина од 140 километри на час. Со еден полн резервоар, тие можат да патуваат повеќе од 1000 километри.
