Презентација, меки вештини, кариерно советување, самодоверба, планирање иднина … меѓународно сертифицирање на англискиот јазик, беа темите на неколкучасовното непосредно дружење на победниците на Ројал Пром со дел од стручниот тим на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Обуката која беше организирана специјално наменски за оваа прилика, во соработка на Кепенци.мк со УТМС и секако кампањата „Ројал Пром” се одржа во конференциската сала на хотелот Милениум на Широк Сокак.
Непосредниот пријателски пристап на стручните обучувачи, освен стекнување нови пријателства и доверба, придонесе и за откривање и обликување на некои нови желби и визии на матурантите, кои во метежот на времето во кое созреваат, не успеале да ги согледаат кај себе.