Популарната апликација Vanced YouTube се укинува. Креаторите на Vanced изјавија дека проектот ќе биде затворен во наредните денови, а линковите на постоечките видеа ќе бидат отстранети. Иако апликацијата ќе продолжи да работи за секој кој моментално ја има инсталирано без какви било идни ажурирања, веројатно наскоро ќе престане да работи. Сопствениците на Vanced велат дека морале да го прекинат проектот „поради правни причини“.
Инаку Vanced е популарна апликација на YouTube за Android, особено затоа што им овозможува на корисниците на YouTube да ги блокираат сите видео реклами и без да направат претплата за Premium.